Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Политико“: Еден месец по поразот на изборите, таборот на Трамп сакал да ги заплени гласачките машини

0
By Sashko on January 22, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден месец по поразот на Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година, со предлог за извршна наредба на Белата куќа им е наредено на највисоките воени функционери на земјата да ги запленат гласачките машини низ САД, објави „Политико“.

Документ објавен од Националниот архив ги открива екстремните мерки кои поранешниот републикански претседател бил подготвен да ги преземе за да остане на власт.

Од денеска, министерот за одбрана треба да ги заплени, собира, зачува и истражи сите машини, целата опрема, сите информации складирани во електронска форма во врска со изборите, се вели во предлогот на три страници, кој никогаш не бил потпишан.

Извршниот декрет, од 16 декември 2020 година, предвидува и назначување специјален адвокат кој ќе покрене тужби за сите наводни измами откриени при заплената. За да се оправда предлогот на извршната наредба, документот наведува голем број теории на заговор – постојано побивани – дека гласачките машини се хакирани. Не се знае кој е авторот на овој предлог.

Тоа е дел од повеќе од 750 документи доставени до комисијата на Претставничкиот дом задолжена за истражување на нападот на Капитол, откако Врховниот суд го одби барањето на Трамп да се забрани нивно објавување.

Комисијата, составена претежно од демократски пратеници, сака да ја утврди одговорноста на Доналд Трамп и неговата придружба во нападот врз зградата на Конгресот на 6 јануари во 2021 година. Една година по неговата официјална оставка, Доналд Трамп сè уште тврди дека изборите во 2020 година биле „украдени“. Анкетите покажуваат дека тој е поддржан од повеќе од пола од републиканските гласачи.

Доналд Трамп избори САД Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.