Полицијата ги пушти демонстрантите пред Владата на Република Македонија. Илјадници демонстранти кои во близина на Поштата близу Илинденска, беа спречени да протестираат пред Влада, сега се пуштени од страна на полицијата.
Протестот е мирен, а полицијата им порача на демонстрантите да се движат полека за да нема проблеми, а меѓу демонстрантите има и редари задолжени за да нема инциденти.
„Отвори капија“ е новата порака на илјадниците демонстранти кои скандираат против лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Оваа локација сега е отворена откако претходно сите други на кои планираа да го искажат револтот, полицијата ги затвори.
Граѓаните во неколку наврати побараа од припадниците на безбедносните сили да ги спуштат штитовите и да им се придружат, а им подарија и цвеќиња во знак на мирољубовист. Полицијата ги прифати и ги стави на своите штитови.