Германската полиција трага по авторите на нападот врз фудбалскиот клуб Дортмунд во кој беше повреден еден играч и еден полицаец.
Истрагата се фокусира врз писмото во кое се презема одговорност за нападот но полицијата досега не објавила што содржи писмото.
“Писмото презема одговорност за нападот”, изјави Сандра Луке но таа не даде повеќе детали велејќи дека мора прво да се провери автентичноста на писмото.
Вчера во близина на стадионот на Борусија Дортмунд е фрлена експлозивна направа, една од трите што одекнаа во градот. Притоа е оштетен и клупскиот автобус на „милионерите“, а со полесни повреди се здобил Марк Бартра кој моментно се наоѓа во болница и во добра состојба. Мечот меѓу бундеслигашот и Монако е одложен за денес со почетокот во 18,45 часот.