На 19.11.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје.

За него била распишана  Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279  од Кривичниот законик. 

Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.