Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полициска коњица, кучиња и многу солзавец: Растерани демонстрантите во Белград

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ВЕСТИ
Фото: novosti.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската полиција утрово успеа да ги растера демонстрантите кои од синоќа протестираа во Белград по најавата на претседателот Александар Вучиќ за враќање на „полициски час“ поради порастот на бројот на заразени со Ковид-19. При интервенцијата, жандармеријата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивил. За попладнево е закажан нов протест.

Синоќешниот протест почна нешто по 20 часот и со само неколку стотици учесници кои подоцна станаа илјадници. Дел од демонстрантите се судрија со полицијата, а дел и влегоа во зградата на Собранието. Демонстрантите фрлаа со јајца, со камења, со пластични шишиња и со димни бомби кон полицијата, десетици контејнери беа запалени, како и најмалку две полициски возила, а според првите извештаи има и повредени од двете страни.

Откако полицијата доби засилување, ги растера демонстрантите пред Собранието со употреба на солзавци, а полициската коњица и единицата со кучиња беа изнесени на улиците. Локалните телевизии во живо емитуваа за случувањата, за нападите врз полицијата, но и за полициска бруталност при апсење и тепање на демонстранти.

Пратеникот во српскиот Парламент, Ѓорѓе Вукадиновиќ рече дека „таква бруталност на полицијата е непотребна и толку многу солзавец не е регистриран во Белград од 5 октомври 2000 година“ кога режимот на Слободан Милошевиќ беше соборен со протести.

Директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, утрово рече дека полицијата ја „контролира ситуацијата“ пред српскиот Парламент.

Во Србија вчера беа пријавени 13 смртни случаи од Ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Како новозаболени беа регистрирани 299 лица што е во рамки на минатонеделниот просек од 250 до 350. Вкупниот број на инфицирани граѓани со коронавирус во Србија е 16.719 од кои починаа 330 лица..

Забраната за собирање на повеќе од пет лица во затворен простор и на отворено во Белград стапува на сила денеска, а полицискиот час од петок до понеделник.

Поради влошената епидемиолошка состојба во Србија, повеќето земји во регионот, вклучувајќи ја и Грција забранија влез за српски државјани.

Белград Ковид-19 полиција полициски час протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.