Доцнаа синоќа, во близина на селото Стојаково, општина Богданци, полицијата го приведе 28-годошниот М. Е. од Албанија.
Во наведеното време, со возилото „Хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знакот за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и почнал да бега.
При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти, по четири од Сирија, Либан и Иран, кои ги превезувал во возилото.
Мигрантите биле сместени во прифатно транзитниот центар во Гевгелија