Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полициска рација во Италија: Уапсени 334 членови на мафијашката група „Ндрангета“

0
By Нова ТВ on December 19, 2019 СВЕТ
Фото: archyworldys.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанската полиција денеска спроведе „историска“ рација против калабриската мафијашка група „Ндрангета“ при што уапси 334 нејзини членови во земјата, но и ширум Европа. Во акцијата учествуваа околу 2.500 карабињери и припадници на специјалната единица „Рос“ кои притоа имаа поддршка и од воени падобранци.

Фото: thelocal.it

Уапсените се осомничени за злосторничко здружување, за убиства во рамки на пресметките во мафијашките кланови, за рекет и за перење пари. Дел од нив се веќе сместени во затвори, а за дел е одредена мерката куќен притвор со специјален надзор.

Фото: bangkokpost.com

Операцијата следуваше по тригодишна истрага против „Ндрангета“ во Калабрија и уште 11 области на северот и југот на Италија. Некои од осомничените се уапсени во Швајцарија, во Германија, во Бугарија по издадена европска потерница.

Фото: eurochannel.com

Меѓу уапсените има адвокати, бизнисмени, функционери на локална власт и судство и поранешен пратеник во италијанскиот парламент од партијата на екс премиерот Силвио Берлускони. За време на операцијата е запленет имот во вредност од 15 милиони евра. Се проценува дека „Ндрангета“, што на грчки значи „херојство“, поради шверцот на кокаин од Латинска Америка стана помоќна и од озлогласената сицилијанска мафија „Коза ностра“ што во превод е „Наша работа“.

„Ндрангета“ Италија Мафија операција полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.