Полската влада сака да ја продолжи забраната за меѓународни летови до 25 август 2020 година за 45 земји, пренесува порталот „Екс-ЈУ Авијација“. Меѓу дестинациите се и четири држави на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, покрај Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
ЛОТ, најголемата полска авиокомпанија која лета за Скопје, за Подгорица и за Белград, во моментот планира да ги продолжи операциите во главниот град на Северна Македонија и Србија во септември, додека летовите кон Подгорица се прекинати до почетокот на зимската сезона 2020/2021 година.
Одлуката на владата во Варшава ќе влијае и врз работењето на „Визер“ и „Рајанер“ од Полска до Подгорица.