Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поплави и свлечишта: Се излејаа Вардар, Треска, Црна и Бабуна

0
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 10:21

На неколку места е излеана реката Вардар во Скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково, информираа од Центарот за управување со кризи.

Во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски површини.

Сепак, најзагрозен е северозападниот дел од државата.

Во општина Маврово и Ростуше над селото Жировница делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.

Во општина Боговиње, на патот за селото Ново Село има одрон во должина од пет метри и се очекува во текот на денот да почне чистењето. Во општина Јегуновце, поплавени се семјоделски површини, куќи и дворови во селата Раотинце, Сиричино, Туденце и Копанце.

Од синоќа поплавени се улиците и отежнато е движењето во Мала Речица.
Пред три години во тетовско се излеа реката Пена, Мала и Голема Речица и Шипковица беа најпогодени, а имаше и жртви, а пет лица загинаа.
Нивото на реката Вардар е најкритично во Велес, во месноста Речани. Од ЦУК велат дека се обезбедени вреќи со песок и се врши постојан мониторинг. Бабуна е излеана во атарот на село Долно Врановци. Слична е состојбата на некои места во тетовскиот и битолскиот крај.

Tреска поплави земјоделски површини и ливади во атарите на селата Лисичани, Пласница, Сувидол, Девич, Манастирец и Модриште.

Најновите хидролошки мерења покажуваат дека двојно е зголемен водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид и Велес, а речеиси тројно на реката Треска кај Македонски Брод и на Сатеска кај Ботун.

Зголемување на нивоата во однос на мартовскиот просек има кај сите останати реки во државата, а најмалку кај Крива Река и Брегалница.

Кај езерата нема драстични промени во однос на мартовскиот просек.

Од вчера требаше и институциите надлежни во делот на превенција и справување со поплави да спроведат активности согласно заклучоците од последната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Од УХМР најавуваат врнежи и во следните денови, но со помал интензитет.

За денеска предвидуваат променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен повремено засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 16 степени.

В четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка. 

време дожд поплави свлечишта ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.