Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Поплави) Собранието ги усвои заклучоците на власта

1
By Нова ТВ on August 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието по целодневна дебата, вечерва усвои заклучоци за она што треба да се преземе за санирање на последиците од невремето од 6 август и поплавите што следеа во скопскиот и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица, десетици се повредени, а причинета е огромна материјална штета.

Заклучоците што ги усвои Собранието се на владејачкото мнозинство, кое ја искористи надмоќта во Законодавниот дом и ја надгласа опозицијата.

Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во пресрет на жителите од погодените подрачја се до конечно остранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофалната временска непогода, се бара Владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување на погодените семејства и да продолжи да се ангажира за брза проценка на штетите, а државните институции да преземат законски мерки против оние кои ја злоупотребуваат настанатата состојбата за финансиска корист.

Владата треба да изврши проценка и доколу е потребно да пренасочи средства од одредени тековни буџетски ставки во надлежни институции со цел справување со последиците од катастрофалната временска непогода. Министерството за финансии и Владата да подготват, а Собранието да разгледа одлука за прераспределба меѓу буџетските корисници со кои ќе се обезбедат средства за обесштетување на семејствата на загинатите лица, загрозените семејства, како и за санирање на штетите. Средствата за кои досега не се преземени договорни обврски преку склучени договори, а предвидени за набавка на возила кои не се поврзани со основната дејнсот на буџетскиот корисник, изградба на репрезентативни објекти, купување мебел и друга опрема, како и средства за репрезентација, доколку е потребно делумно или целосно да бидат пренаменети за оваа намена.

Во заклучоците се бара и да се спроведе дератизација, десинсекција и делумна евакуација на населението од поплавените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да направи анализа за дивата сеча на шума, а Република Македонија да продолжи со масовно пошумување особено на места каде што има ерозија.

Владата и другите надлежни институции треба да продолжат да преземаат превентивни мерки за справување со опасностите од можни природни непогоди во идниот период.

Собранието во заклучоците им изразува благодарност на сите кои помогнале, како и апел за натамошен ангажман за справување со последиците од невремето.

Пред да бидат усвоени заклучоците што ги предложија пратениците од владејачките партии, Собранието не ги усвои заклочоците што го предложи пратеничката група на СДСМ.

Опозицијата предлагаше итно да се преземат превентивни мерки за заштита од природни непогоди во иднина, одложување на непродуктивните буџетски трошења и запирање на градежните активности во реката Вардар, парите за репрезентативни објекти, мебел и возила целосно или делумно да се пренасочат за поплавените подрачја, авансно исплаќање на три илјади евра на секое поплавено домаќинство, евакуација на населението додека не се исчисти и дезинфицира просторот, да се направи безбедносна проценка на теренот и организирање на надзорна расправа за одговорност за институции и поединци за имплементирањето и организирањето на системот за заштита и спасување и системот за управување со кризи.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, пред затворањето на расправата рече дека заклучоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се неприфатливи за опозицијата бидејќи во нив не се вклучени нивните главни барања за исплата на итна помош на настраданите и за одговорност на надлежните за направените пропусти.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изрази жалење што не е постигната заедничка согласност околу заклучоците, иако, како што наведе, тие биле доставени до сите пратеници и во нив се инкорпорирани и предлози на СДСМ.

Во текот на дебатата опозицијата постојано инсистираше на одговорност – политичка, морална и кривична за одговорните за катастрофалните последици од невремето и жртвите, додека власта се бранеше дека сега не е време за одговорност, туку за работа не терен. Додека опозицијата ја обвинуваше власта за ненавремено реагирање и недоволна ангажираност за помош на настраданите и санирање на штетите, пратениците од власта цело време им оддава признание на државните институции и службите како АРМ и полицијата за ангажман на теренот.

дебата заклочоци поплави Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.