Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп.

На средбата се разговарало за состојбата во медиумската сфера, како и за најавата за реформи во законската регулатива во медиумскиот сектор.

Амбасадорот Пломп бил запознаен со детали од предлозите за измени во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

„Амбасадорот Пломп ги оцени најавените реформи како неопходни и изрази интерес за повеќе средби со министерот Поповски, во насока на поинтензивна соработка со Амбасадата на Кралството Холандија за поддршка во медиумските реформи во Македонија“, информираат од Владата.