НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поради опасност од бегство, за Јанкуловска нови мерки на претпазливост

0
By Соња Петрушевска on October 8, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судечкиот совет го прифати предлогот на специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и и изрече мерка на претпазливост на екс министерката, Гордана Јанкуловска, односно забрана за напуштање на престојувалиштето, живеалиштето. Оваа мерка значи дека Јанкуловска нема да може да го напушти Скопје.

Мерката на претпазливост е на сила се до правосилност на пресудата, рече судијката Добрила Кацарска, која додаде дека доколку обвинетата не се придружува до определената мерка, судот може да определи друга мерка.

Одлуката на судот беше соопштена во отсуство на Јанкуловска и нејзините адвокати.

Дополнителните мерки од Судот ги побара обвинителката Фатиме Фетаи по изрекувањето на пресудата. „Со денешната пресуда се зголемува опасноста од бегство“кажа Фетаи.

Определените мерки, одземениот пасош и редовното јавување во Судот, не ја анулираат во целост опасноста од бегство – додаде Фетаи, но  имајќи ги предвид  семејните  околности на Јанкуловска, предложи да и се определи мерка забрана за напуштање на живеалиштето до правосилноста на казната, а не притвор.

Сања Алексиќ, адвокатка на Јанкулоска, оцени дека предлогот на СЈО е неоснован и побара Судот да не го прифаќа.

Јанкуловска осудена на 6 години затвор во „Тенк“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е осудена на 6 години затвор за злоупотреба на службената положба, односно за набавката на луксузниот мерцедес од повеќе од половина милион евра.

„Со своите дејствија, Јанкуловска со умисла го поттикнала сега осудениот Ѓоко Поповски да стори кривично дело. Според Кривичниот  закон тој што со умисла ќе поттикне друг да стори казнено дело, ќе се казни како да го сторил самиот“ рече судијката Добрила Кацарска.

 

Поттикнувачот турка друг да го стори делото, а тоа подразбира пред се одлука за извршување на кривичното дело. Во конкретниот случај не станува збор дека сега осудениот Поповски имал намера да го стори делото пред да биде поттикнат од Јанкуловска. Сега осудениот Никола Груевски и кажува какво возило треба да биде набавено, а обвинетата Јанкуловска го поттикнува Поповски да го изврши кривичното дело. Значи кај неа има умислено поттикнување “ додаде судијката.

Судот смета дека е чест да се биде носител на јавна функција, но тоа е и обврска. Носителите на јавни функции треба да се грижат за интересите на граѓаните, а основен принцип е принципот на отчетност. Граѓаните мора да знаат како се трошат нивните пари, а сите јавни набавки се со пари од даночните обврзници.

Во пресудата пишува дека  Јанкуловска заедно  со сега осудените Груевски и Поповски на незаконски начин набавиле патничко моторно возило „Мерцедес С-600 Гард„ за што не само што не ги информирале граѓаните, туку се обиделе и да го скријат, односно да глумат дека возилото е на МВР за Груевски да оствари политички поени.

Исто така, во пресудата пишува дека со техничките спецификации за набавка на новото возило намерно се исклучила можноста да се пријави било кое друго возило.

Бројот на вртежи, бројот на врати и на седишта, како и  зафатнината на моторот што биле посочени во техничките спецификации одговорале само на „мерцедесот C-600 Гард“. На пример во техничките спецификации пишувало дека се бара  „силата на моторот да биде со распон од  370 до 390 киловати, а тоа значи само  мотор од 380 киловати колку што има мерцедесот. Аудиото има 369 , а БМВ 400 киловати.

„Сето ова јансо зборува за јасно фаворизирање на мерцедес, односно техничките спецификации се идентични на понудата од Мат- Ауто стар. Не може да стане збор  дека сега осудениот Поповски не бил свесен за фаворизирање но и покрај тоа донел одлука за избор на најповолна понуда а потоа и склучил договор за јавна набавка со Мат Ауто Стар, Скопје во висина од 557 000 евра“ рече судијката.

За сведоците кои беа повикани од одбраната во текот на судскиот процес, Кацарска рече дека тие единствено кажувале дека претходното блиндирано возило често пати се расипувало, но напомена дека предмет на овој случај не е оправданоста на набавката, туку начинот на кое било набавено и фаворизирањето на Мат Ауто Стар.

За барањето на адвокатите на Јанкуловска аудио снимките да не бидат земени како докази бидејќи биле стекнати на незаконски начин, Кацарска се повика на одлуката која ја донел Апелациониот суд дека „кога се штити јавниот интерес, предност не може да има одредено право на поединецот“.

На Јанкуловска и се судеше во издвоена постапка за случајот „Тенк“ поради нејзината бременост. За „Тенк“, Никола Груевски е осуден на две години затвор– казна која ја потврди Апелациониот суд и Ѓоко Поповски помошник министер кој беше осуден на 6,6 години затвор, а Апелација му ја намали затворската казна на 4 и пол години затвор.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска има право да поднесе жалба до Апелациониот суд и да бара намалување или укинување на затворската казна.

За што се товарат во „Тенк“

Според обвинението , Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

Тројцата обвинети во овој предмет се изјаснија дека не се виновни за кривичните дела за кои ги гони СЈО.

Судењето за „Тенк“ почна на крајот на јануари годинава и досега повеќепати беше одложувано од различни причини: одбраната бараше изземање на обвинителите од СЈО, изземање на Судечкиот совет, барања доказите да им бидат дадени во аудио форма и друго.

Првообвинетиот, екс премиерот Груевски за цело време на судењето обвинуваше дека против него се води политички процес, за што беше опоменуван.

Беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и Киро Тодоровски, вработен во Агенцијата за разузнавање, истакна дека во 2012 година кога бил набавен „мерцедесот“ работел во МВР како советник за човечки ресурси во кабинетот на тогашната министерка Јанкулоска, кој тврдеше дека имало само еден пријавен на тендерот за набавката.

 

Еден од сведоците беше и екс телохранителот на Груевски Дејан Митревски Урко, кој рече дека тој инсистирал да се набави ново возило, бидејќи старото било небезбедно, исто како и Љупчо Цековски, вработен во МВР, кој во своето сведочење, стариот мерцедес го опиша како „канта“.

Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Што разговараа Груевски, Јанкулоска и Мијалков

Купувањето на мерцедесот беше во една од „бомбите“ што тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев ги објави во јавноста. Во разговорите, се слуша како таа набавка била договарана, што според СЈО има елементи за злоупотреби.

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало
НГ: Ало, Горде шо праиш?
ГЈ: Добро еве малку по дома весници и така…
НГ: За две работи те барам
ГЈ: Кажете…
НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?
ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок ама…
НГ: Тоа на М…на М…
ГЈ: Е добро океј…
НГ: Да не зборам сеа вака…
ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…
НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се…тоа тебе не ти требаат другите
ГЈ: Не ми другите по, тој шо треба е кај вас….хахах
НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…
ГЈ: Да де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах..пратете ми го вие…
НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…
ГЈ: Да да да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема пробчем тој ќе го напраиме…
НГ: Друго ќе видиш тој е фул као за….
ГЈ: Да де да, не, не, не океј си е…
НГ: …се знае тоа…
ГЈ: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах
НГ: Да да
ГЈ: Така да супер…
НГ: Така да почни ја постапката, терај ја
ГЈ: Да да да, ние ќе го напраиме само вие пуштете ми го назад проспектов, за да…
НГ: Утре го добијаш…
ГЈ: Да, да, да, да биде ко шо треба работава…сеа да не зборам и ја многу…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…
ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја милам и кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е..отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…
НГ: Да де да…
ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…
НГ: Да да…
ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…
НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…
ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…
НГ: Да, да…
ГЈ: Мислам не може да не дере нели…
НГ: Да да…Ова го примив што го остаи го видов… вчера и ми го најави тој човекот
ГЈ: Да да, добро јас сакав и му реков да напраи белешка знаете да си имаме да сме на чисто…
НГ: Да, па тие што викаш ти што останале работи нека ги пратат кај нас и така, кај Лена
ГЈ: Океј, па јас му реков викам остај ги кај тебе у каса негде дур не се договориме, да не ги шетаме оти они знаете, кај нас мислам без оглед шо максимално дискретно, они мора да напраат од кај е што е… ради нели, да се заштитат со процедура, уште денес ќе ги пратиме у некоја кутија кај Ленче…
НГ: Кај Лена на рака да…
ГЈ: Да да, океј договорено претседателе…
НГ: Пријатно…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало
НГ: Горде здраво, шо праиш?
ГЈ: Здраво, добро еве на работа…со обврски вообичаено.
НГ: За ова се јавувам шо ми пиша…
ГЈ: Аха..
НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќеси го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…
ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…
НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…
ГЈ: Да да добро нема проблем…
НГ: Таму…кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата
ГЈ: Да де да…
НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега…бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така…
ГЈ: Добро јас нема проблем пошо нели веќе се заврши све…
НГ: Така, до локални нека си биде на вас, на ваше како се вика тоа…
ГЈ: Не, може и после да си биде на МВР возилото, значи нема никаков проблем…
НГ: Нека си биде
ГЈ: Значи сопственик си е МВР нема никаков проблем, у принцип мислам кај нас се задолжува возило на име за… да си внимава некој да не не го оставаме така…
НГ: Ама ако го задолжиме на Мац па после да не се дознае, м?
ГЈ: Па… мислам дознавањето е тоа некој надвор ако види иначе нема друго дознавање, мислам нема проблем и вака ќе си биде задолжено на овој Влатко шо ми е од возен парк па кога треба ќе си го земе Марјан со патен налог…
НГ: Е па и на Влатко, може ли на неколку да се задолжи?
ГЈ: Не само на едно лице може
НГ: Е па на Влатко од возен парк задолжи го…
ГЈ: Пошо он е нели началник…
НГ: Кажи му дека многу често ќе го користиме и ние и секогаш ко ќе ни треба да ни го дава…
ГЈ: Да, да, да, го знаете Влатко некни шо ме прашавте за него, тој е ептен е океј дечково мислам нема проблем…
НГ: Кажи му ти , секогаш коа ќе ни треба, Мацко и тој другиот како се викаше Аце, двајца се…
ГЈ: Да де да…
НГ: Коа ќе го побараат да ни го даат…
ГЈ: Не е проблем, јас ќе го викнам Влатко ќе се договорам со него, јас сакав прво со вас да се… да знаете до кај е, шо е работава, пошо нели скроз ја завршивме, па да знаете дека е е во ред…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Горде шо праиш?
ГЈ: Ало?
СМ: Ме слушаш Горде?
ГЈ: Еј кажи
СМ: Ме слушаш?
ГЈ: Да да нешто ми се изгуби ама сега те слушам
СМ: Како ме слушаш бе, добро ме слушаш или лошо?
ГЈ: Па сега добро
СМ: Сега добро… Пошто нешто ми викаат у последно време не ме слушале добро…
ГЈ: Преѓе кога викав да да како да се прекинуваше, знаеш ко…
СМ: Да, да..
ГЈ :…ко да си у тунел ама сеа е океј…
СМ: Шо праиш?
ГЈ: Ништо бе еве со работа
СМ: Со работа а?
ГЈ: Ти шо праиш?
СМ: Еве ја до пред малце бев на работа па тргнав на пат да ти кажам…
СМ: Аа така… абе слушај знаеш дека ова мерцедесов стигнал, па чисто онака сакав да те прашам…
ГЈ: Е?
СМ: Стигна каде е што е да го видиме…
ГЈ: Хахаха..стигна, стигна и одма го стаивме у гаража кај премиерот, знаеш да не го гледаат овде кај нас ко циркуз ама мислам ти коа сакаш со нив не е проблем, знаеш оти кај нас овде ко… ќе биде ко панаѓур. Иначе Сашо не знам, ја неам такво нешто видено…
СМ: Да, го виде ти?
ГЈ: Го видов тој ден коа го донесоа пошо мојов возач отиде да го земе од Мерцедес знаеш пошо пат тоа ко авион да возиш е…
СМ: Да а?
ГЈ: Фантазија, немаш видено такво нешто… го стаија знаеш у Влада у таа гаража…
СМ: А све е регистриран све…
ГЈ: Се, се, се комплет, регистриан, таблички све е завршено…експресно завршивме знаеш сега да не..многу многу да не го шетаме овде низ МВР има еден куп комуњаришта ќе почнат да оговараат, да зборат, некој ќе го слика, ќе го гледа…фантазија е, коа ќе имаш простор, договори се со чоекот не си видел такво нешто…и овие од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа
СМ: Да, а?
ГЈ: Пошо е најнов…мислам ептен вака, знаеш вака…
СМ: У некоја наредна прилика ќе го пробаме..
ГЈ: Да бе да, мислам јас знаеш сеа коа не знаеш, не си го видел викаш де бе што може да е толку пари…
СМ: Црна боја?
ГЈ: …ама коа ќе го видиш фантазија е..
СМ: Што боја е?
ГЈ: Црна…црна се е, абе види он од надвор не сега не е нешто, супер топ изгледа, мерцедес најнов како може да изгледа…Ама не, нема разлика нели у однос на другиве мерцедеси со таа класа…ама внатре коа ќе видиш шо све има… и самиот сараунд систем и она клими на секое седиште, масажери, чуда, телевизори…
СМ: Значи све живо шо постои има внатре а?
ГЈ: Тој беше од каталогот мислам знаеш така и ја праевме работава , се шо пишуеше у каталогот, све има…
СМ: Све а?
ГЈ: Фантазија…
СМ: Колку испадна цената?
ГЈ: 575 мислам дека со ДДВ дојде…
СМ: Со се давачки?
ГЈ: Да, да со се ДДВ да… така мислам дека беше 580, 575… види таа кола толку кошта сеа…
СМ: Да, да, да…
ГЈ: Може не знам ако е…
СМ: В7 ли е?
ГЈ: Да, да, да В7 мислам дека е В6 7 оти
СМ: Не, не Б Б она што е за блинд…
ГЈ: Да де да, епа со В е обележано, може на германски е некоја ознака меѓутоа тоа е тоа…нели 7 е највисоко ова е 6, 7 ваљда тоа е најголемо мерцедес шо го има… и ние прашувавме пошо ја знам 7ца е топ, ми вика нема мерцедес ова е највисокото шо го нуди…фантазија е Сашо
СМ: Аха, значи највисокото…
ГЈ: Највисокото мислам фантазија баш, не сме се виделе ја и ти, коа ќе имаш прилика, убаво вака да го разгледаш, нема поубава кола у Македонија…
СМ: Се има провозено некој?
ГЈ: Е па ваљда го проблем од кај премиерот пошо Маријан го зема…
СМ: Аха…
ГЈ: … мислам он викаше знаеш подискретно сеа да не го гледаат ама претпоставувам некогаш навечер го извадиле коа нема многу луѓе…
СМ: Ама што да не го гледаат, што ќе го кријат…тоа треба да се вози сеа што
ГЈ: Е па добро сеа знаеш како он вика да не го гледаат, како ќе процени така, ние нашето…
СМ: Цела Македонија знае у весници пишуваше шо…
ГЈ: Абе пишуваше ама знаеш сега он нејќе него да го видат со колава, како ќе процени така…и ти викам Марјан вика абе знаеш вика ќе гледаме да не го забележат, викам како ќе го постигнете тоа коа нема друга кола у државава таква знаеш…не може да не го забележат ама добро да не им го расипувам меракот, но се си е океј, значи се расчистено и ќе го пратиме и на обука, двајца ќе пратиме, тоа бесплатно им следува така да…топ
СМ: Да…
ГЈ: Супер е, многу е убав…
СМ: Дообро, ништо тоа ме интересираше…
ГЈ: Да знаеш перфектен е…

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.