Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Урко тврди дека тој барал од Груевски да се набави ново возило

1
By Нова ТВ on April 25, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 25, 2018 12:58

Поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митревски Урко денеска на рочиштето за набавката на мерцедесот од 600.000 евра, сведочеше дека набавката на ново возило била неопходна, бидејќи како што рече старото било небезбедно.

Урко, кој како што кажа пред Судот, се уште е вработен во МВР, рече дека сите делови на старото блиндирано возило биле речиси неупотребливи, почнувајќи од ветробранското стакло, кое како што рече „правело диоптрија“, поради што нему му се оштетил видот, потоа гумите, цревата, температурата, до хидрауликата на воланот.

Митревски сведочеше дека тој го убедувал Груевски да набават ново возило, но како што рече, Груевски тоа не го сакал, по што инсистирал да ја сменат барем шофершајбната. Кога прашале колку чини им одговориле 20.000 евра и Груевски рекол дека е многу пари и не ја смениле. Тој рече дека притисок за ново возило најмногу направил кога во една ситуација враќајќи се накај вилата на Водно, им откажала хидрауликата на воланот, ќе удрело во две столбчиња, шоферот едвај го исправил возилото за да не се направи поголем проблем.

– Јас му помогнав, со левата рака го влечев воланот за да не удри во столбче. Спроти тоа имаше детска градинка и да не помислиме што ќе случеше таму да имаше деца – рече поранешниот шеф на обезбедувањето на Груевски.

Во целото сведочење, Митревски нагласуваше дека старото возило не било за употреба и дека премиер на една земја дури одбил да се вози во него, поради што донел свое возило, оценувајќи дека тоа било „срам за државата“.

Во случајот „Тенк“ на СЈО, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

Дејан Митревски - Урко сведочење СЈО Суд тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.