Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Груевски обвини дека е во партиски суд, доби опомена за навреда

1
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
Фото СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 15:19

Денешното рочиште за набавката на мерцедесот од 600.000 евра каде обвинети се екс премиерот Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и  поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски е прекинато и ќе продолжи на 12 март, кога треба да се сослушаат петмина сведоци.

Судијката Добрила Кацарска оваа одлука ја донесе откако обвинетите денеска се изјаснија за обвинението. Груевски рече дека не може да разбере за што е обвинет, дека не признава вина од причина што работел согласно законот, додека Јанкулоска се изјасни декадека делумно го разбира обвинението и не признава вина, а Поповски се изјасни дека не е виновен.

– Не можам да разберам како може да се биде обвинет за тоа што сум сакал, рече Груевски и додаде дека не може да каже дека во целост го разбира обвинението.

Во текот на денешното рочиште Груевски повеќепати реплицираше на излагањето на обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, при што обвини дека се наоѓа пред „партиски суд“.

-Кадија те тужи, кадија те суди, рече Груевски, во реплика до обвинителката Ленче Ристовска, која претходно изјави „дека некому можеш сосила да му земеш, а не да му дадеш“, објаснувајќи дека обвинетите не нашле време да ги видат и добијат записниците од претходните рочишта. Груевски алудираше на „една неприродна спрега меѓу СЈО и судот“.

– Не бараме ништо со сила од Судот, бараме само тоа што ни следува со закон. Досегашното судење го сметам за нефер. Јас немав можност да ги видам аудио снимките како единствен доказ за обвинението против мене и затоа јас неможам да дадам воведен говор, рече Груевски.

Тој беше опоменат од судијката Кацарска. Таа го прекина воведниот говор на неговиот адвокат Боро Тасевски и заведе во записник: „Ако обвинетиот Никола Груевски уште еднаш го навреди судот, ќе ги применам мерките од Законот за кривична постапка“.

За дофрлување, попречување и навредување на судот од која било од странките во процесот предвидена е парична казна од над 1.000 евра па се до отстранување од судница.

Во случајот на СЈО „Тенк“, обвинети се уште и екс министерката Гордана Јанкулоска како и тогашниот шеф за јавни набавки на МВР, Ѓоко Попоски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Никола Груевски е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Одбраната реагираше на тоа, велејќи дека Судот повторно закажува термини, така што обвинетиот Груевски секој ден ќе треба да биде во суд.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор Мак Аутостар ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал во јавноста да се дознае.

За набавката на мерцедесот јавноста дозна од  разговорите кои ги објави опозицијата.

Груевски Ленче Ристовска СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.