Шкендија загуби од Мура на домашен терен со 0:1 во првиот меч од воведното квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Стрелец на единствениот гол за словенечкиот првак беше Лука Бобичанец во 28 минута од пенал.
Тетовци во финишот на првото полувреме пропуштија шанса да ја поништат предноста на гостите, но Бесарт Ибраими не успеа да погоди од белата точка.
Македонскиот шампион се обиде да стигне до израмнувачки гол во продолжение на средбата, но Игор, Мевљан Мурати и Бесарт Ибраими беа непрецизни, а во финишот се истакна и гостинскиот голман Обрадович кој ги одбрани ударите на Бејтулаи и Хебај.
Реваншот меѓу Мура и Шкендија е во вторник во Мурска Собота.
Квалификации за Лига на шампиони, 1 коло, прв мечеви
Шкендија (Македонија) – Мура (Словенија) 0:1
Фола (Луксембург) – Линколн (Гибралтар) 2:2
Жалгирис (Литванија) – Линфилд (С. Ирска) 3:1
Клуж (Романија) – Борац Бања Лука (БиХ) 3:1
ХЈК Хелсинки (Финска) – Будуќност (Црна Гора) 3:1
Флора (Естонија) – Хибернијанс (Малта) 2:0
Ференцварош (Унгарија) – Приштина (Косово) 3:0