Поројните дождови, кои го зафатија италијанскиот остров Сицилија, доведоа до излевање на реки, лизгање на земјиштето и нарушување на работата на аеродромот во Палермо. Поради лошите временски услови, три лета беа пренасочени кон Катанија и Трапани, објавија денеска италијанските медиуми.
Спасувачките екипи евакуираа неколку десетици жители од погодените области.
Според локалниот оддел за цивилна заштита, мостот на реката Сан Бартоломео синоќа делумно се урнал, но нема жртви. Неколку патишта на островот се блокирани од одрони.