Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Портрет Јакимовски: Секои локални избори кандидат на различна партија

0
By Нова ТВ on October 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на секои локални избори настапува како кандидат на различна политичка партија. Тој првиот градоначалнички мандат го освои како кандидат на партијата ЛДП, вториот како кандидат на СДСМ, а во последниот мандат на изборите настапи како независен кандидат, а кандидатурата ја поднесе со печатот на Српска напредна странка на Драгиша Милетиќ. На претстојните локални избори Јакимовски е кандидат на неговата партија ГРОМ.

На локалните избори во 2013 година, откако СДСМ реши да го кандидира Андреј Петров за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски сигурен во својот рејтинг кај карпошани, одлучи да настапи самостојно во освојувањето на општината. Социјалдемократите го исклучи од партијата, но тој успеа да ги победи своите противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и со голема доверба од граѓаните застана на чело на Карпош. Својата победа ја прослави со стиховите од српската песна: „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“, која ја потпевнуваше и во текот на целиот мандат.

Во четирите години владеење, Јакимовски го смени курсот и во политиката и во управувањето со општината. Од социјалдемократ, мандатот го завршува како човек близок на ВМРО-ДПМНЕ. Од омилен татко на општината, последната година се соочи со гневот на жителите на Тафталиџе и Карпош 4, кои го обвинија дека „на сметка на урбаната мафија дозволува да се уништат парковите и зеленилото во општината“.

Јакимовски беше организатор на контрапротестите пред Уставниот суд, кога се одлучуваше за аболициите на претседателот Ѓорѓе Иванов на осомничените членови од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој и неговите приврзаници наместија шатори пред судот, со цел да му дадат поддршка да одлучува без притисоци.

Актуелниот градоначалник на општина Карпош на изборите на 15 октомври настапува со слоганот „Резултати, а не приказни“.

Довербата од граѓаните ќе ја бара со следниве ветувања: „Сметот во Карпош ќе биде минато, зашто ќе поставиме подземни контејнери. Проблемот со паркирањето ќе биде сведен на минимум. Карпош ќе има два пати повеќе зеленило од светскиот пропишан стандард. На младите ќе им доделуваме земјиште и ќе ги ослободиме од комуналии да градат куќи. Секој кој ќе стане полнолетен карпошанин ќе го поддржиме со бесплатна обука за возачка дозвола и ќе го направиме Карпош побезбеден“.

https://www.facebook.com/stevco.jakimovski.12/videos/1414840921963070/

Карпош е единствената општина во Македонија каде ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат како опонент на СДСМ. Против кандидат на Јакимовски за Карпош е Стефан Богоев од Социјалдемократскиот сојуз.

Кога го прашавме Јакимовски зошто не треба жителите на Карпош да гласаат за Богоев, тој ни одговори.

„Мојот опонент прави спотови против мене, ама никако не кажува зошто граѓаните би гласале за него. Сепак, тој е само празна приказна, празна приказна и во минатото, и во сегашноста и во иднината. Таква празна приказна и празна иднина, Карпош навистина не заслужува. Безидеен е и оди на избори без познавање на проблемите на граѓаните. Навредливо и арогантно, без почит кон своите сограѓани. Не би гласал и поради тоа што упорно седи на две столчиња. Ние немаме вистински кандидат за градоначалник на Карпош, туку пратеник во Собранието на Република Македонија и градоначалник во обид. Толку околу неговите искрени намери за Карпош“, вели Јакимовски.

Стевчо Јакимовски е роден на 27 август 1960 година во Подржи коњ кривопаланечко. По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, тој волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Во септември 2000 година за прв пат бил избран за градоначалник на општина Карпош, а во ноември 2003 година за министер за економија во Владата на Република Македонија. Бил министер за труд и социјална политика од декември 2004 до јуни 2006 година.

За себе вели дека поседува одлични ораторски и аналитички спосособности, комуникативност и умешност за пишување и дека е еден е од најпознатите македонски колумнисти. Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

 

ГРОМ локални избори 2017 општина Карпош Стевчо Јакимовски Стефан Богоев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.