Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Посетата на Борел на Скопје нова доза политичка инфузија против растечкиот евроскептицизам

0
By Соња Крамарска on March 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 13, 2022 23:10

Задоволство ми е што го почнувам моето патување низ Западен Балкан во фасцинантното Скопје, твитна вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел кој попладнево допатува во земјава во обид да даде сигнал до Северна Македонија и до регионот за ангажираноста на ЕУ за неговото интегрирање. „Стоиме обединети едни до други. Вашата иднина е наша иднина“, ентузијастички порача тој, во мигот кога земјите од Западен Балкан чекаат уверување од Брисел дека руско-украинската криза нема да влијае дестабилизирачки и дека нема причина за загриженост.

Балканската турнеја на високиот европретставник ќе се одвива во длабока сенка на настаните во Украина и стравувањата дека спорадичната проруска реторика присутна во земјава а и во соседството ќе ги разбуди духовите и ќе внесе нова неизвесност на Балканот.

Итноста што ја создаде агресијата на Русија кон Украина значи дека главната порака на Борел кон регионот ќе биде дека иднината на земјите од Западниот Балкан е во ЕУ, анализира за Нова Никола Димитров, доскорешен вицепремиер за евроинтеграции и шеф на дипломатијата во историскиот момент на решавањето на спорот со Грција и приемот на Северна Македонија во НАТО.

Сепак, дали е тоа доволно во услови кога политичко-безбедносната ситуација во Европа се преврте а Балканот стравува од домино ефект од Украина. „Иако не треба овие пораки да ги потцениме, после се што ни се случи, мора да бараме поголема искреност од Унијата“, додава Димитров. „Во моментов, дури и да ги почнеме преговорите, нешто што одамна го заслужуваме, во ЕУ нема реален консензус за крајната цел на процесот -членството. На регионот му треба реална, искрена и остварлива понуда од ЕУ“.

Воената агресија над Украина, за жал целосно ја соголи економската и безбедносната ранливост на Западен Балкан, што се чини дека ЕУ ја натера на дипломатска акција во чии рамки е и посетата на Борел, иако се прогнозира дека нема да донесе ништо ново.

Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор на македонската мисија во ЕУ за Нова анализира дека  е таа само знак на политичка поддршка, во услови на влошување на политичко-безбедносната ситуација во Европа.

„Почетокот на преговорите со Македонија е високо на агендата на ЕУ, но нема конкретна најава за скорешен почеток на преговори. Темата околу проширувањето на ЕУ, вклучително и барањето на Македонија, ќе биде на маса на јунскиот самит, а дотогаш притисоците кон двете страни, Македонија и Бугарија, ќе се зголемуваат, особено кон Македонија“, истакнува Лепавцов.

Јасно е дека војната во Украина го изместува фокусот од ова важно прашање за нас, и ги закопува надежите дека разговорите на Борел со раководството на Северна Македонија се во правец на забрзување на интегративниот процес а во функција на пресретнување на можни безбедносни импликации од војната во Украина. ЕУ впрочем уште на пресот на евроамбасадорот Гир и францускиот амбасадор Бомгартнер прати порака дека случувањата во Украина нема да го одвратат Брисел од ставот дека решавањето на односите со Бугарија, како и реформите, се уште се клучен критериум за да биде усвоена преговарачката рамка. Оттука и отсуството на оптимизам пред разговорите на Борел во Скопје дека тие ќе донесат свежа политичка инфузија како лек за растечкиот евроскептицизам.

„Нема гаранција за ништо, сега кога сме во исчекување на влошување на ситуацијата во Украина“, вели Лепавцов кој во својот мандат во Брисел одблиску ја следеше политиката на ЕУ кон нашата земја.

Дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска, која добро ги познава амплитудите на ЕУ кон Македонија и Западен Балкан вели дека Борел е во мисија за да ги увери лидерите дека ЕУ не го заборава регионот. Таа смета дека Брисел ја увидел таа потреба со оглед на поделеноста на населението од Западен Балкан околу војната во Украина дополнета и со амбивалентната позиција на Србија.

Од дестинациите на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика јасно, пак, може да се види дека ЕУ сака на посетата да и даде поширок контекст, од оној на која се надеваат овдешната јавност и Владата – финансиска поддршка и сигнал дека Брисел ја увидел својата грешка и стравува од безбедносна дестабилизација на која ќе одговори со забрзување на интегративниот процес.

Но дали во тој пакет секоја земја од страна на ЕУ е обележана со различни степени на безбедносен аларм?

„Во БиХ, ситуацијата е поразлична, и ЕУ стравува од дестабилизација. Различно е што БиХ нема статус на кандидат, додека последниот самит на ЕУ беше посветен на кандидатурата на Украина. Така што се претпоставува дека целта е ЕУ да испрати порака дека кандидатурата на Украина не значи запоставување на Западен Балкан оти тоа за ЕУ ќе значи губење на влијание во регионот“, вели Милевска за нашиот портал. Таа додава и дека блокадата на Македонија и Албанија, неизвесноста околу Косово кое уште нема ни визна либерализација, БиХ, веќе му нанесоа удар на кредибилитетот на ЕУ во регионот и посетата на Борел може да се протолкува и како знак дека ЕУ е свесна за своите пропусти.

Политичките посматрачи се во едно сигурни а тоа е дека Борел покрај „фасцинантното“ Скопје ќе види и една поинаква Северна Македонија, разочарана од бесконечните тактизирања на Европската Унија, политички поделена, и економски поткопана како резултат на неизвесноста која се засили со војната во Украина.

 

 

Соња Крамарска

 

Борел ЕУ посета на Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.