Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последно обраќање на Меркел во Бундестагот пред изборите

0
By НОВА ТВ on September 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 7, 2021 14:23

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на пленарна седница во Бундестагот имаше последно обраќање пред претстојните парламентарни избори, објавија германските медиуми.

Говорот на Меркел траеше 14 минути. Канцеларката зборуваше за борбата против климатските промени, развојот на „зелената“ енергија, борбата против тероризмот и кибер криминалот.

Канцеларката ја искористи можноста и да го повтори својот повик до граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот.

На крајот од говорот, таа го покрена прашањето за внатрешната политика, што предизвика незадоволство кај опозицијата.

Меркел го поддржа кандидатот на ХДС/ХСС, Армин Лашет, поради што беше принудена да одговори на реакцијата на пратениците.

– Не е важно кој ќе биде во следната влада. Или ќе биде влада со Социјалдемократите и Зелените, со поддршка од Левицата, или владата може да биде на ХДС/ХСС со Армин Лашет, за да не води во иднина од умерени и центристички позиции, рече Меркел.

Според неа, една од можните идни владини коалиции е на Социјалдемократите (СПД), Зелените и Левицата, но додаде дека таа лично остро ќе се спротивстави на вклучувањето на Левицата.

Лашет е премиер на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената провинција, каде што во јули имаше силни поплави, кога и рејтингот на Лашет и политичкиот блок ХДС/ХСС почна да се намалува. Според анкетите, 20 отсто од населението е подготвено да гласа за нив, а 25 отсто за Социјалдемократската партија на Германија (СПД). 

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 26 септември. Според Уставот, новиот Бундестаг треба да започне да функционира во рок од 30 дена од гласањето. Мандатот на канцеларката завршува токму со првото заседание на новиот законодавен мандат.

Новиот канцелар ја презема функцијата откако ќе го добие мандатот од претседателот, а тоа е  откако партиите ќе ги завршат коалициските преговори. Пред четири години, преговорите траеја рекордни 172 дена.

Бундестаг Меркел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.