Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постапката на Иванов за Законот за јазици ќе оди на Уставен суд

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека е можно покренување иницијатива пред Уставниот суд за непочитување на Уставот од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов поради непотпишување на Законот за јазиците.

– Се разгледуваат повеќе опции. Една од опциите која што ја разгледуваме е токму таа заради тоа што потенцијално може претседателот кога сака да ја урниса надлежноста на Парламентот на Македонија. Право е на Парламентот и секако тие ќе соопштат за деталите на одлуките што ќе ги донесат. Она што го знам од нашата пратеничка група дека една од опциите е тоа токму Уставниот суд да каже што во ваков случај, од причина што може да се случи и во следните 30 закони претседателот да одлучи да не ги потпише, па ќе мора повторно да се гласаат. И при повторното гласање Уставот е јасен. Должност на претседателот е да го потпише Законот. Ако не потпише тогаш во такви ситуации ја блокираме демократијата и сите процеси во една нормална земја, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, одби да го потпише указот за прогласување на Законот за јазици, за Законот да може да биде објавен во Службен весник.

Од ВМРО ДПМНЕ денеска рекоа дека доколку Законот се објави во Службен весник, без потпис од претседателот, тоа ќе биде нелегално.

„Секое објавување во ‘Службен весник’ на т.н закон за употреба на јазиците без претходен потпис од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, не е ни легално, ни легитимно и сноси не само политички туку и правни последици. Предупредуваме дека незаконското објавување на законот се смета за злоупотреба на службена должност и е казниво согласно со член 353 од Кривичниот закон на Република Македонија. Ова дело не застарува за година, две или три рече Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев Закон за јазици Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.