Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постојано носиме мерки да ги ублажиме последиците од енергетската криза, вели Ковачевски

0
By НОВА ТВ Balaban on January 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 14:05

Во Скопје има 60 илјади домаќинства кои се греат на парно. Самата електрична мрежа во Скопје е направена за греење на парно. Доколку не биде испорачана топлинска енергија и сите граѓани се префрлат на греење на струја, тогаш може да се случи пад на системот, односно на мрежата, и да се предизвикаат уште поголеми проблеми, не само за граѓаните, туку и за компаниите, рече премиерот Ковачевски. 

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата постојано носи одлуки кои ќе овозможат непрекинато снабдување на електрична енергија во целата земја, но и одлуки кои нема да дозволат ценовен шок за граѓаните од зголемувањето на цената на струјата.

– Енергетската криза е европска енергетска криза, а јас велам секогаш и финансиска, бидејќи електрична енергија има, но таа има многу повисока цена исто како и цената на гасот, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање откако изврши увид во реконструкција на училиште во Прилеп.

Тој вели дека Владата навремено презема мерки за ублажување на последиците од кризата. Уште на почеток на енергетската криза, додаде Ковачевски, донесовме мерка со која беше намален ДДВ од 18 на 5 проценти, со цел да се заштити цената да нема ценовен шок во однос на граѓаните.

– Исто така, како и во други европски држави ако направиме споредба, цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи кај нас е регулирана преку ЕВН хоум, што значи дека државата финансиски му помага на производителот на електрична енергија за да може да испорачува струја на ЕВН хоум, која нема да биде по цена која би предизвикала ценовен шок за граѓаните, рече премиерот.

За оние граѓани кои што имаат ниски примања и кои се од најранливите категории, потсети Ковачевски, веќе има мерка на Владата која што се однесува на 35 илјади граѓани кои имаат најниско ниво на пензии или ниски месечни примања.

– Веќе има 1.000 денари месечен финансиски додаток за електрична енергија и за греење и веќе има дополнителни 9 илјади семејства на кои им е овозможено да добиваат месечен додаток исто така за покривање сметни за електрична енергија, рече Ковачевски.

Тој информира дека примената на мерките е започната уште минатата година, но оти се на сила и годинава.

– Владата носи постојано одлуки со цел да се обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија е во целата држава, вели премиерот Ковачевски.

Во врска со случувањата во Скопје поврзани со парното греење, тој истакна дека Владата морала да интервенира, оти во спротивно би се случило пад на енергетската мрежа бидејќи таа во Скопје е дизајнирана голем дел граѓани да се греат на парно.

– Во Скопје има 60 илјади домаќинства кои се греат на парно. Самата електрична мрежа во Скопје е направена за греење на парно. Доколку не биде испорачана топлинска енергија и сите граѓани се префрлат на греење на струја, тогаш може да се случи пад на системот односно на мрежата и да се предизвикаат уште поголеми проблеми, не само за граѓаните, туку и за компаниите, рече премиерот Ковачевски. 

Димитар Ковачевски енергетската криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.