Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпретседателот на Собранието ги повикува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на договор во Маврово

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Горан Мисовски: Очекувам да избереме уставни судии во разумен рок
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2022 15:23

Горан Мисовски, потпретседател на Собранието ги повикува пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на средба викендов во Маврово на која, како што изјави за Нова, се очекува да дојдат до консензус за измени во Деловникот за кои пратениците имаат забелешки, а за да се подобри ефикасноста на Собранието.

Тој вели дека одлуката на опозицијата за блокада на Собранието не е во контекст на она за што претходно се договориле како ќе функционира законодавниот дом.

– Очигледно е дека не постоела координација помеѓу пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со раководството на партијата. Опозицијата има право да предлага материјали до претседателот на Собранието согласно Уставот и Деловникот. Дали опозицијата ќе ја блокира работата на Собранието е нивна одлука. Наша обврска е да го применуваме Деловникот, вели Мисовски.

Тој објаснува дека од пред два месеци за овој викенд во Маврово е договорена средба под покровителство на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на пратеничките групи, генералната секретарка и дел од собраниските служби, на тема Деловник за работа на Собранието.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе одлука да ја блокира работата на Собранието од 10 мај до кога му даде рок на премиерот Димитар Ковачевски да се изјасни дали ќе се сретне со Христијан Мицкоски за да договорат датум за предвремени парламентарни избори. Најавите за блокада на законодавниот дом засега го оставаат отворено прашањето дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на средбата во Маврово, затоа што од партијата велат дека приоритетно е сега да договорат лидерска средба за предвремени избори.

– Ајде да одиме на избори, ако СДСМ не се плаши нека прифатат лидерска средба и да договориме датум, повторно повика Мицкоски денеска од Гевгелија.

Дарко Каевски, портпаролот на СДСМ, пак, го повтори ставот на партијата дека  коалицијата е стабилна како и парламентарното мнозинство така што наредните парламентарни избори ќе бидат 2024 година и ќе бидат редовни.

– Ние сме на страната на граѓаните и носиме реформски и важни закони, ВМРО-ДПМНЕ е буквално на страната на опструкциите, блокадите преку кои сакаат да  добијат политички поени, вели Каевски.

Од владејачкото мнозинство тврдат дека опозицијата ќе го блокира Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. Со блокада на овој закон ќе бидат спречени вработувањае на околу 4.700 наставници и стручни соработници.

– Со години е блокиран Законот за изградба на нов Клинички центар во Скопје, инвестиција вредна 500 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ блокира подобри услови за лекување на граѓаните и подобри услови за работа на докторите. Пратениците земаат плата од граѓаните и таа плата треба да си ја заработат а не да прават штета, вели Каевски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што обвинува владејачката партија, ќе го блокира и Законот на служба во Армијата кој обебзедува подобри услови за пензионирање и повисоки отпремнини за војниците.

С.М

Горан Мисовски опозиција Собранието
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.