Потрагата по 16 годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае до пронаоѓање на момчето. Операцијата вчера беше привремено прекината поради временските услови.
Во Полициската станица Ресен, завчера (2 август) во 18:18 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“ во водите на Преспанското Езеро исчезнал 16 годишен малолетник од Ресен.