Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрошувачите возвраќаат – бојкот на маркетите во Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Северна Македонија

0
By Marija Todorovska on January 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава.

Марија Тодоровска 

Иницијативата за бојкот на маркетите започнува од Хрватска, а се рашири и низ БиХ, Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Утре, 31 јануари, во овие пет држави најавени се бојкотите како одговор на високите цени.

Хрватска 

Во Хрватска Фејсбук групата „Ало, Инспекторе“ повика на првиот бојкот на маркетите на 24 јануари.

„На 24 јануари во Хрватска се организира бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат граѓаните на тој ден да не купуваат ништо, апсолутно ништо. Подгответе се за тој ден како да е недела“, стои во пораките, се велеше во повикот.

Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија.

По целодневниот бојкот на 24 јануари, граѓаните во Хрватска се одлучија за неделен бојкот на трговските синџири, Lidl, Eurospin и DM и три производи – Кока Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за садови, јавија хрватските медиуми. Платформата повикува на целосен бојкот на три трговски синџири од четвртокот наутро до среда, 5 февруари навечер.

Исто така беа повикани и вработените во продавниците да ја забават работата за време на протестните акции

Хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава.

Босна и Херцеговина

А, по успешниот пример за бојкот во Хрватска, веднаш се огласија и граѓаните на БиХ повиќувајќи на бојкот на 31 јануари.

Бојкотот планираат да ги опфати продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните.

На социјалните мрежи граѓаните на БиХ тврдат дека цените на храната во земјата се многу повисоки од во западните држави, а трошоците за домување се неподносливи.

Црна Гора

А, на 31 јануари и во Црна Гора граѓаните ќе бојкотираат.

Невладината организација Институт алтернатива за во петок ги повика граѓаните да не купуваат во продавниците и маркетите.

Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да им покажеме дека ние сме тие што одлучуваат, се посочува во соопштението на Институт Алтернатива.

Организацијата наведува дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири ги договараат цените, поради што граѓаните да не го почувствувале зголемување на платите и пензиите.

Србија

Во Србија  здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повика граѓаните на Србија да ги бојкотираат големите трговски ланци в петок на 31 јануари.

Како причина за овој повик Ефектива посочи дека Србија има највисоки цени во Европа.

Ефектива потсети дека потрошувачите во Хрватска ги бојкотирале малопродажните синџири и со тоа ги намалиле приходите на тие синџири за дури 47 отсто.

„Време е потрошувачите да возвратат“, наведуваат тие во повикот.

Северна Македонија

Инцијативата за бојкот се прошири и кај нас. По социјалните мрежи граѓаните беа повикани исто така на 31 јануари да се воздржат од пазарување во маркетите.

Организацијата на потрошувачите на Македонија, иако не е организатор на овие активности, ги поддржува повиците за бојкот, особено што, како што вели нејзината претседателка Мирјана Лончар, граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи.

За ова  се огласија и партиите.

ДПМНЕ соопшти дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите и велат дека институциите ќе ги истражат сите злоупотреби. Додаваат дека нема никаква економска причина за зголемување на цените надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

Од СДСМ, пак, оценија дека акцијата за бојкот на маркетите се прелева и кај нас бидејќи Владата не ги заштитила граѓаните од зголемувањето на цените.

 

 

БиХ бојкот високи цени Маркети Северна Македонија Србија Хрватска Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.