Врховниот суд на Шпанија соопшти денеска дека го повлекол меѓународниот налог за апсење на поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пучдемон и за четворица членови на неговиот кабинет.

Во одлуката на судот сега се наведува дека овие политичари покажале подготвеност да се вратат во Шпанија.

Тие петмина заминаа за Белгија по едностраното прогласување независност во парламентот на Каталонија од 27 октомври, што шпанските судови го прогласија за нелегален.

Повлекувањето на налогот за апсење истовремено овозможува повеќе од една европска јурисдикција над овој случај, напоменува Врховниот суд на Шпанија.