Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Иран, при што 36 лица се повредени, објави иранската државна телевизија. Земјотресот го погодил западниот дел на провинцијата Лорестан.

Според телевизијата тој бил со длабочина од 10 километри.

Реза Ариаи, официјален претставник во организацијата за управување со катастрофи во провинцијата Лорестан, рече дека најголем дел од луѓето се повредени додека ги напуштале своите домови. Според него, сите се полесно повредени и по третманот во болница се пуштени дома, додека само двајца се хоспитализирани.

На почетокот на месецот, земјотрес со јачина од 7.3 степени го погоди регионот на границата на Иран со Ирак, при што загинаа 530, а беа повредени повеќе од 9.000 лица.

Иран е постојано подложен на дневни земјотреси, бидејќи се наоѓа во трустно подрачје. Во 2003 година, земјотресот со јачина од 6,6 степени буквално го срамни со земја историскиот град Бам, при што загинаа 26.000 луѓе.