Најмалку две лица загинаа, 74 куќи се уништени во близина на Лос Анџелес, а наредена е евакуација на 100.000 луѓе поради два шумски пожари, соопштија локалните власти. Во долината Сан Фернандо, северно од Лос Анџелес, огнената стихија до утрово се прошири на повеќе од 1.900 хектари површина и продолжува да зафаќа по 320 хектари на секој час, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес.

Официјални лица соопштија дека еден човек починал од срцев удар како последива на вознемиреност од пожарот.

Според портпаролката на противпожарната служба во Калифорнија, Кети Метингли, едно лице загинало во пожар што зафатил парк на мобилни куќи во округот Риверсајд, источно од Лос Анџелес. Таа рече дека има и повредени во пожарот, но не може да прецизира колку.

Наредена е евакуација за околу 100.000 луѓе, кои не треба да очекуваат дека наредбата ќе биде укината во следните неколку дена, соопштија властите.