Гори објектот на фабриката „Треска“. Од скопската противпожарна станица за НОВА изјавија дека огнената стихија ја гасат со сите расположливи ресурси. Противпожарните единици од сите подрачни станици се на лице место и засега успешно ја контролираат состојбата.

НОВА дознава од луѓе кои живеат во напуштените бараки во кругот на некогашната фабрика, дека биле повикани да помогнат да си ги заштитат живеалиштата. Досега нема информации за повредени.

FOTO libertas.mk