Повредени се 38 луѓе откако избувнал пожар ноќеска во ноќен клуб во Букурешт.

Пожарот избувнал околу 4 часот, според средноевропско време во популарниот клуб „Бамбу“, кој изгорел до темел.

Повеќето од присутните се затруле со јаглерод моноксид, а дел се повредени откако, бегајќи од пламенот, скокнале од горното ниво на клубот во езерото во непосредна близина на објектот.

Одреден број доживеале хипотермија на температура од минус 12 Целзиусови степени, кога побегнале од огнот.

Во 2015 година во пожар во ноќен клуб во Букурешт загинаа 64 лица.