Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожари Грција: Бројот на загинатите на Атика се искачи на 80

0
By Нова ТВ on July 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, објавени пред да биде соопштено дека повредениот им подлегна на повредите, 79 лица го загубија животот во пожарите, а и понатаму е непознат бројот на исчезнати лица.

– Досега добивме десетици повици за регистрирање на исчезнати лица. Со оглед на тоа дека во тек е процесот на идентификација на телата на загинатите, можно е меѓу исчезнатите да се вклучени и овие 79 лица, чии тела се пронајдени, како и лица кои се вратија кај нивните најблиски, без да ги информираат надлежните власти, рече портпаролката на грчката противпожарна служба, Ставрула Малири и додаде дека и денеска продолжува потрагата по исчезнати во опожарените населби Вуѕа, Мати и Рафина.

Паралелно, таа уште еднаш порача дека граѓаните чии блиски се исчезнати треба да пријават на бројот на противпожарната служба за да се одреди точниот број на лица на кои им се губи секаква трага.

Околу 200 инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, веќе започнаа со регистрација на штетите на објекти во погодените населби од пожарот.

Како што јави МИА од Атина, по регистрирани 720 куќи, 211 биле одбележани со црвена боја, односно дека штетата е голема, 234 добиле жолта, а 275 зелена боја, односно дека можат сопствениците да се вратат дома.

Паралелно во соработка со префектурата Атика, од улиците биле отстранети над 125 изгорени и уништени автомобили.

Грчкиот Центарот за контрола и превенција на болести информира дека негови и психолози на противпожарна служба им стојат на располагање за пружање психолошка поддршка на лицата кои претпеа материјални штети во пожарот или загубија членови на семејствата.

Центарот соопшти дека во погодените населби ќе испрати специјални мобилни единици од епидемиолози, лекари и медицински сестри за контрола и заштита на јавното здравје, а на располагање на лицата од овие подрачја им стојат психолози.

– Од научна гледна точка, не интересира и психолошката поддршка за роднините на жртвите и на лицата кои гледаа како им се уништија имотите во оваа катастрофа, изјави претседателот на Центарот, Теофилос Розенберг.

Грчкиот информативен портал „Ин“, во текстот посветен на процесот на идентификација на телата на загинатите, пишува дека и противпожарната служба на Грција го ставила на располагање психолозите за поддршка на луѓето што ги изгубиле нивните најблиски во пожарите.

 

Грција загинати пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.