Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Познат идентитетот на уапсените за обидот за убиство на Зијадин Села

0
By Нова ТВ on October 17, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Андреј Мицов (22), Никола Војминовски (39), Александар Јаневски – Тошта (57), Коста Делов (26) и Стојан Павлески – Кобра (51) се уапсените по наредба на Основното јавното обвинителство – Скопје за крвничкиот напад на Зијадин Села, дознава НОВА ТВ од извори од истрагата.

Тие се осомничени дека биле соучесници во обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април во Собранието. По извршениот претрес во нивните домови сите петмина се приведени во полициска станица.

Александар Јаневски – Тошта по крвавиот четврток изјави дека тој не го нападнал пратеникот Зијадин Села, туку дека помогнал да го извадат од толпата. Тошта на денот на локалните избори завчера, кога се чекаа резултатите беше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е претседател на општинскиот огранок од Кисела Вода на здружението „Гардист 2001“ и претседател на Кинолошкото друштво Скопје.

Александар Јаневски – Тошта

Коста Делов самиот призна дека учествувал во тепањето на Села и заедно со Никола Војминовски уште во мај беа повикани на разговор за настаните што се случија на 27 април во Собранието, но беа ослободени.

„Чувството кога брутално си го тепал Зијадин Села со клоци по глава, бесценето“, напиша Коста Делов на својот Фејсбук профил по настаните во Собранието.

Најмладиот, Андреј Мицов, исто така на Фејсбук објавуваше слики со качулка во Собранието на 27 април.

За обидот за убиство на Села, пред неколку месеци беа уапсени и обвинети Кире Ѓоргиевски и неговиот татко и тие се наоѓаат во истражниот затвор Шутка.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/

 

 

 

 

27.април Зијадин Села Кобра Нереди Собрание Тошта уапсени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.