Телевизија Телма и емисијата 360 степени на АлсатМ најавија за вечерва објавување на видео снимки на кои се гледа како седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ знаеле или учествувале во отворањето на главната собраниска врата за демонстрантите на 27-ми април. Станува збор за снимки од камерите во Собранието.
Во целата акција за влез во Собранието, според извори на Телма, учествувале вработени од Агенцијата за разузнавање, АРМ и УБК.
На снимките се гледа како дел од пратениците ги насочуваат демонстрантите во различни насоки во Парламентот. На својот Фејсбук профил пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ напиша дека помеѓу нив се Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Трајко Велјаноски, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски.