Разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска е на дневен ред на шестата седница на Собранието.
Точката за Зврлевски е 30-та на дневниот ред, а пред неа се годишни извештаи за работата на неколку државни институции.
Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата поради, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата, како и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата.
Барањето за разрешување, Владата го достави и до Советот на јавни обвинители којшто на седница го прифати предлогот за разрешување на Републичкиот обвинител.