Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ја усвоија потребата за измени на Кривичниот законик

0
By Нова ТВ on December 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство.

По ова ќе заседаваат собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски укажа дека измените три пати се повлекуваат, па се поднесуваат и дека пратениците се збунети и не знаат кои измени се повлечени, а кои се предлагаат.

-Барањето за измени на Кривичниот законик е поднесен па повлечен три пати од вчера до денес. Барам да ни објасните за кои измени треба да гласаме, затоа што пратениците не знаат веќе кој предлог е повлечен, а кој не е, рече Мицевски.

На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека предлагачот има право да повлече предлог според процедурата.

Измените се предложени од пратенците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.

Со измените на Кривичниот законик кои се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Тој гласи:

„Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе  или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.

Сега се менува на „4 години“.

Во предлогот за кој ќе расправа Собранието се повлечени измените на членот 353 од КЗ за злоупoтреба на службената положба и овластување.

Доколку бидат изгласани измените на Кривичниот законик кои се веќе во собраниска процедура, според информации на НОВА, од кривично гонење можат да бидат ослободени обвинетите во случаите „Тендери“ и „Трезор“. Измените на Кривичниот законик можат да влијаат и врз жалбената постапка на веќе обвинетите во „Тенк“.

Во случајот „Тендери“ е обвинета екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, во „Трезор“ се обвинети Сашо Мијалков Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Во „Тенк“ се веќе осудени Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Доколку бидат усвоени денешните измени, тие би имале влијание и врз казната што ја доби Василије Авировиќ, обвинет во случајот „Труст“ на СЈО и син на пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, која гласаше за уставните измени.

Авировиќ беше осуден на три години казна затвор и забрана за вршење дејност и да биде управител или одговорно лице на правно лице во траење од 3 години.

Тој и Сеад Кочан кој беше осуден на 6 години затвор, поднесоа жалби на пресудата до Апелацискиот суд, кој сè уште се нема изјаснето по жалбите на осудените.

Со предложените законски измени, ќе се отвори можност Апелацискиот суд да ја ублажи казната за Авировиќ, односно тој ќе може да добие можност за условна казна.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека од Владата не се доставени измени на Кривичниот законик.

 

 

 

измени КЗ Собрание тендери тенк Трезор Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.