По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница што беше во тек.

Официјално, не кажаа дали ја напуштаат собраниската седница, поради пресудата за екс лидерот. Се очекува официјална реакција од партијата.

Пратениците од владејачкото мнозинство кои останаа во салата го ислушаа обраќањето на народниот правобранител Иџет Мемети кој го презентираше Годишниот извештај за неговата работа.