Собранието попладнево не го усвои предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. Со 35 гласа „за” и 47 „против”, пратениците не го прифатија предлогот за импичмент на претседателот Иванов.

За овој предлог на СДСМ и ДУИ во Собранието се расправаше 5 дена, а за прифаќање потребно беше двотретинско мнозинство.

Според опозицијата, Иванов треба да биде отповикан, ја злоупотребил положбата и прекршил повеќе уставни и законски одредби. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаа дека одлуките на претседателот Ѓорге Иванов во врска со аболицијата беа во согласност со Уставот и законите.