Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците од опозицијата со критики за преговорите со Бугарија, власта е децидна дека ќе бидат во согласност од усвоената Резолуција

0
By Biljana on January 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бурна дебата во рамки на Комисијата за надворешна политика во Собранието на РСМ поттикната од нововоспостановените односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. 

Пратениците од опозицијата со низа критики за новиот тек на преговорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, за кои велат оти „се воделе зад затворени врати, под превезот на некаква наводна транспарентност од страна на Владата“.

Дел од нив му забележаа на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека ниту тој, ниту неговиот претходник, не им ги доставил на увид сите договори и нон пејпери кои власта ги испраќала во Софија.

Прашаа како пратениците и јавноста би имале доверба во искреноста на Владата во однос на преговорите со Бугарија, дека тие ќе бидат во согласност со Резолуцијата усвоена во македонското собрание и нема да навлезат во идентитетските прашања.

Претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски го праша Османи,како народните избраници и јавноста да имаат доверба во искреноста на Владата дека разговорите се водат во согласност со Резолуцијата усвоена во Парламентот и не навлегуваат во идентитетските прашања?

„Кажавте дека одлуката за старт на преговорите е безусловна, а сега имаме услови 5+1 (или 4+1) кои што задираат дури и во Уставот. Велите дека не се преговара за идентитетот и за јазикот, но разговарате за тие теми, а тенка е линијата помеѓу разговори и преговори“, рече Милошоски.

Тој вели дека во изминатите години се одржале најмалку две меѓувладини седници со Бугарија, како онаа од вторникот, биле потпишани бројни меморандуми за соработка, а до сега ништо не било сменето во односот меѓу двете земји бидејќи историските прашања, а не економијата биле вистинскиот камен на сопнување.

Министерот Османи, пак реплицираше дека во моментот кога Владата ќе има конкретна формулација за надминување на спорот, која би била прифатлива и за двете страни, тој документ веднаш ќе бил доставен во Законодавниот дом за да се утврди дали е во согласност со усвоената Резолуција. Тој ги повика пратениците кои имаат итерес да направат увид во документите од досегашните разговори да го посетат неговиот кабинет.

„Било кој пратеник што има интерес да ги прочита работните верзии од досегашните средби и разговори, лично јас ќе му ги прочитам“, рече Османи.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, пак посочи дека обидот на Владата да ја нагласи т.н. засилена динамика во македонско – бугарската соработка, вели е само обид да се сврти вниманието од актуелните проблеми во државата како што се поскапувањето на цените, енергетската криза и зголемувањето на невработеноста.

Инаку, денешната седница ја одбележаа говорите на десетина пратеници од опозициската коалиција, а од владејачкото мнозинство само пратеничката Соња Мираковска од НСДП, рече дека власта ниту за милиметар нема да се помести од усвоената Резолуција и оти нарушените односите со Бугарија „мора да почнат да се решаваат“.

„Ниту еден непријателски говор кои што значи непријателство кон соседите нема да направи ништо добро. Затоа мерете ги зборовите, нема да се мрдне ни милиметар од договореното во Собранието“, рече Мираковска.

Инаку, министерот Бујар Османи, пред членовите на  Комисијата за надворешна политика во Собранието реферираше за текот на разговорите по посетата на Бугарија и за севкупните односи меѓу Скопје и Софија. Излагањето на Османи, беше на барање на претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски.

(Б.Б.)

Бујар Османи Комисија за надворешна политика Реферирање Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.