Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правен галиматијас пред истекот на вонредната состојба

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДИК денеска ќе достави мислење до претседателот на државата за временските рокови кои и се потребни на Комисијата за спроведување на изборниот процес, а на дневен ред на денешната седница на Уставниот суд е токму владината Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес. Од друга страна, Советот за безбедност во петок ќе одржи седница, на која треба да бидат разгледани резултатите од втората вонредна состојба која завршува в сабота, на 16 мај. До овој момент не се знае дали Владата ќе утврди потреба за продолжување на вонредната состојба. Премиерот Оливер Спасовски завчера изјави дека таа одлука ќе се донесе овие денови.

Бидејќи по завршувањето на вонредната состојба техничката влада нема да може да носи уредби со законска сила, а Собранието е распуштено, се очекува уште една одлука за вонредна состојба, но која не би траела максимални 30 денови, туку пократко. Нејзиниот рок, пред се, ќе зависи од ставовите на здравствените експерти. Но, во одредена мера ќе зависи и од дополнителните денови што ќе и бидат потребни на ДИК за подготовка на изборниот процес, со оглед дека по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат изборни дејствија таму каде што биле запрени со владината Уредба.

Ставот на ДИК

Претседателот Стево Пендаровски вчера имаше средба со членовите на ДИК, токму со цел од Комисијата да се добијат дополнителни информации кои на партиските лидери треба да им помогнат во одредувањето нов датум за избори. Владата на 21 март донесе Уредба со законска сила со која привремено беа прекинати сите изборни дејства, „поради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на ковид-19 и поради тоа што Собранието не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање“.

Со членот 6 од Уредбата, ДИК беше задолжена во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

Со продолжување на изборните дејства по завршувањето на вонредната сосотојба не се согласува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Таа го поддржува ставот на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски дека изборните дејства треба да почнат од почеток, односно Комисијата да добие 50 до 60 дена за подготвка и спроведување на изборите. Голем број правни експерти сметаат дека ДИК нема такво законско право.

Простор за арбитрерност и преседан

Експерт по уставно право со кој разговараше ДВ, вели дека нема правна основа ДИК да биде одлучувачки фактор во определувањето на на датумот за изборите.

„Датумот за одржување на предвремените избори треба да се определува врз основа на правните правила кои нудат доволно основи за такво нешто. Секое напуштање на правната рамка остава простор за арбитрерност, која може да доведе и до злоупотреби во иднина. Секако треба да се земат предвид интерсите на јавното здравје и препораките на релевантните институции и и стручните лица. Не гледам причина или правна основа ДИК да биде одлучувачки фактор во определувањето на датумот за изборите“, вели нашиот соговорник.

За правната конфузија што се создаде, одговорноста тој ја лоцира кај претседателот на Собранието.

„Ние влеговме во овој (не)правен галиматијас поради нефункционалноста на Собранието и одбивањето на претседателот на Собранието да свика седница во време на вонредна состојба. Токму Собранието би можело да ги регулира сите овие прашања и конечно да ја преземе главната улога во прогласувањето или потврдувањето и завршувањето на вонредната состојба која е предвидена со Уставот.

Толкувањето дека вонредната состојба завршува со крајот на важноста на одлуката за прогласување на претседателот Пендаровски, отвора можност за злоупотреба на извршната власт и ќе претставува опасен преседан. Останува да видиме дали ќе се донесе нова одлука за за вонредна состојба. Сепак, и околу тоа треба да се биде исклучително внимателен, не смее датумот за изборите да биде основната причина за продолжување на вонредната состојба“, оценува експерт по уставно право.

ВМРО-ДПМНЕ Дик извори претседател рокови СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.