Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборен медиумски мониторинг: креативни решенија и за хајките

1
By Нова ТВ on September 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тонот со кој новинарот ги презентира вестите, изборот на зборови и реченици, балансираноста и оценката на новинарот или редакцијата за политичкиот субјект влегуваат во мониторингот на изборното медиумско претставување за предвремените парламентарни избори закажани за 11. декември.

Веќе четврти ден Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) набљудува дали радијата и телевизиите известуваат согласно професионалните стандарди и Изборниот законик или нивните прилози се во функција на кампања со фаворизирачки тон.

Дел од мониторингот е и контекстот на прилозите, како и  манипулативната употреба на филмови, слики и звуци. Ова се однесува на тоа дали новинарите конзистентно користат агол на снимање со толпа луѓе присутни на партиските собири и обратно, како и користењето на придружни музички и визуелни ефекти.

Според главната и одговорна уредничка на Канал 5 Телевизија – Лидија Богатинова, ова е најдолг период на предизборно мониторирање, но таа тврди дека Канал 5 ќе се придржува кон коректно известување.

-Имавме забелешки кои ги презентиравме до Агенцијата, дел беа прифатени, дел не. Забелешките беа во однос на тоа зошто и порталите како вас да не бидат санкционирани. Беше укажано дека нема методологија според која може да се следат и тие. Има моменти во кои навистина не може да има стопроцентен избалансиран пристап, но за такви ситуации одлучено е да се консултираме со Агенцијата, вели Богатинова.

На прашање на НОВА што доколку 5 министри од преодната Влада од различни политички партии имаат изјави во ист ден, Богатинова вели дека телевизијата ќе ги емитува сите пет изјави.

lidijaaaa

Според главниот и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести Сеад Ризвановиќ, мониторингот нема да претставува никаков проблем доколку сите работат според професионалните стандарди.

-24 Вести нема никаков проблем со тој мониторинг. Ние и до сега бевме мониторирани со истите критеруми од Агенцијата и оценките покажаа дека телевизијата известува балансирано. Самата телевизија е така поставена што ние и досега ги игнориравме владините промоции на терен, затскриени зад дневни активности на државните институции, така што ќе продолжиме да работиме како и досега, вели Ризвановиќ.

Според него, ова не е момент кога треба да почне мониторинг и врз порталите, бидејќи главно прашање кое треба прво да се реши е нивната регулација, сопствеништвото и јасно истакнување на тимот кој работи во тие портали, па дури потоа тие да се мониторираат.

Сеад Ризвановиќ - главен и одговорен уредник на 24 Вести
Сеад Ризвановиќ – главен и одговорен уредник на 24 Вести

Во стоте дена пред избори, медиумите ќе треба да внимаваат и на известување за анкетите на јавното мислење, говорот на омраза, а ќе треба да се направи и јасна дистанца од новинарските вести и ставовите на редакцијата, за да може публиката да разликува информација од настан и коментар за настанот.

Дел од медиумите, кои досега прилозите со етикетирање главно врз опозицијата и Специјалното обвинителство ги емитуваа како новинарски прилози, потпишани од новинарите, сега се затскрија врз можноста за уреднички коментар.

Вести на телевизија Сител - 3 септември, 2016
Дневник на телевизија Сител – 3 септември, 2016

Доколку во периодот од распишување на избори до почетокот на изборната кампања се забележат индиции дека некој известува во функција на изборно медиумско претставување на претставниците од власта, АВМУ ќе анализира примерок од центалните дневно – информативни изданија во текот на една седмица и доколку се утврди дека индициите се точни, Агенцијата ќе преземе мерки. Санкции може да следуваат и по поплака на граѓани.

Проценка за балансираното известување ќе врши ад-хок телото во склоп на АВМУ, кое се формрира согласно партискиот договор, а во кој членуваат по двајца предложени кандидати од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и еден Албанец.

Првиот прекршок ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни. Ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.

Ад хок телото за следење на медиумите официјално со работа започна во петокот, а првиот извештај ќе треба да биде готов овој петок. Телото се уште го нема усвоено Деловникот за работа.

АВМУ избори медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.