Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборни активности: Партиите во меѓусебни обвинувања за притисоци врз гласачи на четири дена до крај на кампања

0
By Sashko on October 26, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јасно и гласно изјаснување кој од кого ќе добие поддршка во вториот круг на локалните избори во недела, но и засилување на меѓусебните партиски препукувања за притисок врз гласачи. До крајот на кампањата остануваат уште четири дена, па учесниците во изборниот процес продолжуваат со презентација на своите програми во обид за глас повеќе кај електоратот.

Од „Беса“ вчера ги повикаа своите гласачи да дадат поддршка за кандидатите на Алијанса на Албанците, а истото го сторија и од Алијанса на Албанците. Ова, како што изјавија од двете партии, го прават за да ја симнат ДУИ од власт.

Политичката сцена во наредните години ќе мора да се промени. Затоа, сакаме заедно да ја водиме и да ја направиме оваа промена, истакна вчера генералниот секретар на „Беса“, Арјанит Хоџа.

И потпретседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција ја најави поддршката за кандидатите за градоначалници на Беса во вториот круг и ја поздрави нивната одлука да дадат поддршка на кандидатите на Алијанса-Алтертнатива.

Ние и натаму тврдиме дека ДУИ треба да падне од секоја власт. Се надеваме дека Движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде целосно отстранета од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство, рече Таравари.

Ставот на Беса во вториот круг да даде поддршка на кандидатите од Алијанса/Алтернатива, според лидерот на СДСМ Зоран Заев, не значи дека владината коалиција е ставена под прашалник. Заев вчера оцени дека владината коалиција е стабилна и дека легитимно право е на секој да се бори за гласови. Не го разочарало ниту тоа што коалиционите пратнери ЛДП и ДОМ јавно не ги повикале своите поддржувачи да дадат поддршка во вториот круг за кандидатите од коалицијата на СДСМ.

Вели дека имаат различности меѓу коалиционите партнери, но оти ги поврзуваат генералните вредности како што се борбата против корупцијата, реформите во судството, евроинтеграциите, итн.

Тоа е убавината на една демократија и слобода. Ние имаме заеднички вредности во коалицијата и тоа нè обединува. Важно е да ги мобилизираме сите гласачи со кои споделуваме заеднички вредности, рече Заев.

Седењето на граѓаните дома и неизлегувањето на избори, според Заев, би значело поддршка на политичкиот опонент и враќање на режимот.

Во вториот круг СДСМ верува во победа во Скопје и во општините Чаир, Карпош и Центар.

Во вториот круг, онаму каде нема свои кандидати, СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на коалиционите партнери, а онаму каде има кандидати од ДУИ и од БЕСА, оставаат граѓаните да одлучат по своја волја.

Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме како СДСМ со позитивна кампања и промоција на нашите проекти. Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните сами одлучуваат. Секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град, изјави Заев во саботата во Охрид.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја реафирмира поддршката за кандидатите на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во саботата најави дека во местата каде немаат свои кандидати во вториот круг, ќе ги поддржат кандидатите кои се опозиција на власта.

ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијансата на Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржиме кандидатите кои се опозиција на власта и се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална, рече Николоски.

Од друга страна, продолжуваат обвинувањата за поткуп и притисок врз гласачи. ВМРО-ДПМНЕ викендот излезе со обвинување дека имало полициски закани на денот на изборите, а Обвинителството вчера соопшти дека Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите.

До надлежното Основно јавно обвинителство се доставени наводите со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности, информираа вчера од Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера категорично ги отфрлија, како што посочија, невистините кои ги шири ВМРО-ДПМНЕ за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.

На денот на изборите, 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму, наведе МВР во соопштението.

И СДСМ вчера на прес-конференција обвини дека на оние места каде победиле кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, се вршат закани и притисоци врз граѓаните.

Граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди, нагласи на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

кампања локални избори Македонија обвинувања партии притисоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.