Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог на Заев: Локални избори на 31 октомври, се чека изјаснување од партиите

0
By Sashko on July 21, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе бара согласност од партиите за локалните избори да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот. Ова практично би значело одложување на изборите со оглед на тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери претходно најави дека според Уставот изборите би требало да се одржат на 17 октомври.

– Имаме причина за одложување на изборите, а тоа, секако, е пописот кој ќе се спроведува во септември и не сакаме кампањата да се поклопи со него, и секако причината е пандемијата за одлагањето. Така што ако не се промени тоа со закон, изборите треба да бидат до 17 октомври и ќе имаме поклопување на кампањата со Пописот. Предлогот доминанатно од партиите е да биде 31 октомври, ако се согласат и тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, изјави вчера Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Заев изнел датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии, што, според партијата, уште еднаш го потврдува фактот дека тој стравува од одржување на локалните избори и од судот на народот.

– Уставот е над се и во оваа држава. Заев треба да ја прекине праксата на кршење на Уставот на Република Македонија кој патем јасно утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори. Односно, согласно Уставот, локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври. Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

На ист став се и партиите на Албанците во земјава кои се во опозиција. И тие се согласни дека според Уставот изборите треба да се одржат на 17 октомври и нагласуваат дека овој датум е нивен предлог. Не гледаат основана причина за одложување на датумот.

Зад предлогот на премиерот и лидер на СДСМ, Заев застана колицискиот партнер БЕСА, а се чека да се изјаснат од ДУИ. Освен за датумот на одржување на изборите, актуелна тема е, исто така, и соработката меѓу партиите и коалицирањето.

Премиерот вчера информираше дека имал средба со Мендух Тачи и со Билал Касами во врска со претстојните локални избори, а оти до крајот на оваа недела треба да се види и со Али Ахмети. Генерално сите, како што рече, се реалисти во однос на позиционирањето и потврдуваат меѓусебно помагање.

Според Заев, коалициското поставување е логично и најверојатно 50 отсто таков ќе биде настапот во првиот круг од изборите, додека 25 или 30 проценти ќе биде коалициски настапот во вториот круг.

– Со Тачи се видов пред две-три недели, исто и со Билал Касами, а до крајот на оваа недела треба да се видам и со Ахмети. Сите потврдуваме заедничко помагање, зашто сме коалиција на централно ниво, а убаво би било тоа да биде преточено и на локално ниво. Логично е коалициски да се поставиме, најголем дел ќе бидат коалициски настапи во првиот круг, 50 отсто, 25 или 30 проценти би биле во вториот круг и некаде по завршуавње на изборите ќе правиме повторно коалиција, објасни Заев, одговорајќи на новинарски прашања.

Сепак, додаде, локалните избори се поразлични од парламентарните и многу зависи од кандидатите.

На прашањето кого ќе поддржи СДСМ во Тетово, БЕСА или ДУИ, Заев рече дека е најдобро секој да излезе со свој кандидат во првиот круг, а потоа да се поддржи оној од коалицијата што ќе влезе во вториот круг. Деновиве, најави тој, ќе следуваат разговори, но, според него, има и доволно време до изборите, скоро три месеци и нешто повеќе.

Актуелна тема се и измените на Изборниот законик. По најавите дека е постигнат договор со поголемите партии и за отворените листи, но,со праг од три проценти, помалите партии кои го бараа ова, сега се двоумат и стравуваат поради овој праг. Тие бараат отворени листи без никаков праг.

– По повод информацијата дека големите партии се имаат договорено, Изборниот закон да го променат на тој начин што советниците ќе бидат избирани со отворени листи и со цензус од три проценти. ВМРО-Народна партија сака да ја сподели својата анализа дека ова е само уште еден чекор со кој големите партии заеднички се договараат да ги збришат сите мали политички партии од македонската политичка сцена, велат од ВМРО-Народна партија.

Оттаму додаваат дека законот кој беше инициран со мотивација како да им се помогне на малите партии на крајот ќе заврши со цел како да се избришат малите политички партии. 

Зоран Заев кампања локални избори Македонија попис предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.