Ако Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, тогаш земјава е пред нов празничен и продолжен викенд под клуч.

Препораката до Кабинетот на премиерот Оливер Спасовски е „полициски час“, во деновите на одбележување на Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, да почне во сабота попладне (19 ч.) и да трае до вторник наутро (5 часот) или вкупно 58 часа.

Освен за времетраење на мерката „полициски час“ за претстојниот викенд, Комисијата за заразни болести денеска расправаше и за отворањето на угостителските објекти што е најавено за наредната недела.