Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опомена за гласна музика на Кеј: Жолт картон за локалите „Инста кафе“ и „Каза Кубана“

0
By Sashko on July 28, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Инста кафе“, како најбучен објект во реонот, и „Каза Кубана“ на Кеј добија решенија за преземање на мерки за намалување на нивото на бучава во животната средина. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од осум дена да постапат по истите, информираат од Општина Центар.

Добиените решенија се во рамките на спроведените акции во реонот на Дебар Маало и на Кеј „13 Ноември“ и мерењета на бучава од локалите во текот на изминатите два викенда.

Од Општина Центар посочуваат дека редовните контроли на терен за мерење на бучава од гласна музика од угостителски објекти на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.

Дополнуваат дека усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добиле локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт Бар“ и апелираат до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, како што велат, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишани мерки и ќе бидат изречени поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

„Инста кафе“ „Каза Кубана“ бучава Македонија Општина Центар предупредување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.