Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори Украина и Русија – се договориле само за нова размена на заробеници

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина заврши, а состанокот траеше околу еден час. Разговорите се одржаа во Истанбул.

Украина и Русија се согласија за нова размена на затвореници за време на последната рунда мировни разговори во Истанбул, објавија руските државни медиуми. Размената ќе вклучува и воени затвореници и цивили.

Кијив ѝ понуди на Москва самит на лидери со цел да се стави крај на војната до крајот на август.

Шефот на украинската делегација на разговорите во Истанбул, Рустем Умеров, изјави за медиумите дека Украина е подготвена за прекин на огнот и ја повика Русија „да покаже конструктивен и реалистичен пристап“.

Се огласи и шефот на руската делегација во разговорите со Украина, Владимир Медински. Тој рече дека Русија предложила Украина да размисли за прогласување серија краткорочни примирја.

Медински рече дека двете страни разговарале и за размена на воени затвореници. Тој истакна дека сите хуманитарни договори од втората рунда се исполнети и дека досега е завршена размена на затвореници од голем обем.

Москва врати во Кијив повеќе од седум илјади тела на загинати војници на украинските вооружени сили.

Москва предложи Кијив да го разгледа прашањето за прогласување краткотраен прекин на огнот од 24-48 часа со цел да се соберат ранетите и телата на борците, рече Медински.

 

Истанбул преговори Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.