Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Арсенал го слави Лаказет, Бери го урна рекордот на Гигс

0
By Нова ТВ on September 26, 2017 СПОРТ
Фото: allarsenal.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арсенал се враќа во чекор со водечките екипи во Премиерлигата. „Топчиите“ во последниот меч од шестото коло го совладаа тимот на ВБА со 2:0 со головите на Александре Лаказет во 20 минута и во 67. и го задржаа стоотстотниот ефект на „Емирати“ на кој претходно беа поразени и Лестер со 4:3 и Борнмут со 3:0.

Првиот погодок на францускиот интернационалец дојде по слободниот удар на Алексис Санчез и интервецијата на голманот Фостер чија одбиена топка ја смести во мрежата. Вториот го постигна од белата точка по прекршокот врз Арон Ремзи.

Со оваа победа Арсенал се искачи на седмото место на табелата со 10 бода, еден помалку од Тотенхем, од Ливерпул и од Вотфорд. Она што предизвикува дополнителна доза на задоволство кај менаџерот Арсен Венгер е низата од три меча без примен гол на неговата екипа.

Герет Бери, пак, беше единствениот фудбалер меѓу гостите од Бирмингам на кого гостувањето во Лондон ќе му остане во сеќавање. Настапот на „Емирати“ за 36 годишниот играч за врска беше рекорден 633. во Премиерлигата со што го надмина Велшанецот Рајан Гигс. Дебито во англиската елитна конкуренција го имаше на 2 мај во 1998 година за екипата на Астон Вила. Потоа настапуваше и за Манчестер сити и за Евертон пришто постигна вкупно 52 гола.

Премиерлига, 6 коло

Арсенал – ВБА 2:0

Брајтон – Њукасл 1:0

Лестер – Ливерпул 2:3

Свонси – Вотфорд 1:2

Стоук – Челзи 0:4

Саутемптон – Манчестер јунајтед 0:1

Манчестер сити – Кристал Палас 5:0

Евертон – Борнмут 2:1

Барнли – Хадерсфилд 0:0

Вест Хем – Тотенхем 2:3

Табела: Манчестер сити 16, Манчестер јунајтед 16, Челзи 13, Тотенхем 11, Ливерпул 11, Вотфорд 11, Арсенал 10, Хадерсфилд 9, Њукасл 9, Барнли 9, Саутемптон 8, ВБА 8, Брајтон 7, Евертон 7, Свонси 5, Стоук 5, Лестер 4, Вест Хем 4, Борнмут 3, Кристал Палас 0.

Александре Лаказет Арсенал ВБА Герет Бери Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.