Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Манчестер Ј. се извлече во 93 минута, опстанок за Лестер

0
By Нова ТВ on April 5, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Златан Ибрахимовиќ го спаси Манчестер јунајтед од пораз на „Олд трафорд“ во 31. премиерлигашко коло. „Црвените ѓаволи“ ремизираа по третпат во последните четири средби, овојпат против Евертн (1:1). Бод сочуваа во 93 минута со удар од белата точка на шведскиот интернационалец. Голот за гостите од „Гудисон парк“ го постигна капитенот Фил Џагиелка во 22 минута.

Составот на Мурињо беше доминантен на теренот по примениот гол. Имаше неколку прилики за израмнување и пред судиското продолжение преку Ибрахимовиќ и Блинд, статива погодија Ерера и Погба, но негативата, сепак, беше анулирана со најстрога казна. И првиот меч во сезоната меѓу Евертон и Манчестер Ј. заврши 1:1 со таа разлика што популарните „карамели“ тогаш израмнија од пенал.

Важна победа забележа Лестер против Сандерленд (2:0). Слимани и Варди реализираа во второто полувреме по асистенции на Марк Олбрајтон за радост на „Кинг Пауер“ стадионот што значат и опстанок во Премиерлигата на, сè уште, актуелниот англиски првак и четвртфиналист во Лигата на шампиони. За „лисиците“ ова е петти триумф во низа за напредок до десеттата позиција на табелата и бегство од опасната зона на безбедни девет бода.

Дербито на 31 коло во Премиерлигата е вечерва (21 ч.) на „Стемфорд бриџ“ каде Челзи е домаќин на Манчестер сити, Арсенал на „Емирати“ го дочекува Вест Хем на Славен Билиќ, Ливерпул пред своите фанови ќе игра со Борнмут, а второпласираниот Тотенхем ќе гостува во Кардиф на екипата на Свонси.

Премиерлига, 31 коло

Резултати

Манчестер јунајтед – Евертон 1:1

Лестер – Сандерленд 2:0

Вотфорд – ВБА 2:0

Барнли – Стоук 1:0

Среда

Арсенал – Вест Хем (20,45 ч.)

Хал – Мидлсборо (20,45 ч.)

Саутемптон – Кристал палас (20,45 ч.)

Свонси – Тотенхем (20,45 ч.)

Челзи – Манчестер сити (21 ч.)

Ливерпул – Борнмут (21 ч.)

Златан Ибрахимовиќ Лестер Манчестер Ј. Евертон Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.