Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига:Рекорди на Сити, ЛШ му бега на Челзи, спас за Хадерсфилд

0
By Нова ТВ on May 10, 2018 СПОРТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манчестер сити е нов рекордер во статистички категории во Премиерлигата, Лигата на шампиони, пак, му бега на Челзи додека Хадерсфилд и математички го обезбеди опстанокот во англиската фудбалска елита за наредната сезона. Ова е епилог по одигрување на заостанатите мечеви од 31. коло и од 35. коло во топ конкуренцијата на Островот.

Граѓаните го победија Брајтон со 3:1 и со најновите три освоени бода стигнаа до бројката од 97 што е за два повеќе од рекордот на Челзи од 2005 година во која „сините“ собраа 95 бода. Со оглед дека до крај на сезоната во Англија има уште едно коло во кое Сити ќе гостува кај Саутемптон, тимот на Пеп Гвардиола има реални шанси да финишира во шампионатот со стотка.

Но, тоа не е единствениот нов рекорд на Манчестер С. Клубот од „Етихад“ веќе има 105 постигнати гола во оваа натпреварувачка сезона што е за два повеќе од Челзи од сезоната 2009/10.

Вонредно активни беа и фудбалерите на Челзи кои одиграа разочарувачки 1:1 како домаќини со Хадерсфилд. Воедно со ремито останаа на петтото место на табелата со 72 бода, два помалку од Ливерпул и четири од Тотенхем и ги расипаа изгледите за пласман во Лигата на шампиони за наредната сезона. Затоа, пак, освоениот бод на „Стемфорд бриџ“ за Хадерсфилд беше рамен на три и со него популарните „териери“ од западен Јоркшир си обезбедија место во Премиерлигата и за наредната сезона.

Премиерлига

Заостанати мечеви од 31. коло и од 35. коло

Челзи – Хадерсфилд 1:1

Манчестер сити – Брајтон 3:1

Лестер – Арсенал 3:1

Тотенхем – Њукасл 1:0

Вест Хем – Манчестер јунајтед (четврток, 20.45 ч.)

Табела: Манчестер сити 97, Манчестер јунајтед 77 (-1), Тотенхем 74, Ливерпул 72, Челзи 70, Арсенал 60, Барнли 54, Евертон 49, Лестер 47, Њукасл 41, Кристал палас 41, Борнмут 41, Вотфорд 41, Брајтон 40, Вест Хем 38 (-1), Хадерсфилд 37, Саутемптон 36, Свонси 33, ВБА 31, Стоук 30.

Манчестер Сити Премиерлига Рекорди фудбал Хадерсилд Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.