Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави дека вонредната состојба што беше во сила во Токио и во четири други административни области од средината на мај поради пандемијата на коронавирус ќе биде укината во текот на денот, но предупреди за можноста за повторно воспоставување на ограничувања доколку се шири вирусот.
Абе објави дека вкупниот износ за стимулирање на економијата во земјата ќе достигне 200 трилиони јени преку два пакета за помош, но нагласи оти ќе биде потребен долг период за животот да се врати во нормала.
Премиерот на Јапонија, меѓу другото, потенцира дека неговата земја успешно се справила со ковид-19. Заклучокот го поткрепи со образложение дека биле потребни само месец и половина за ставање на вирусот под контрола, додавајќи дека тоа ја покажало силата на „јапонскиот модел“.