Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Заев ќе ја предводи владината делегација на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана

0
By НОВА ТВ Balaban on December 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 20, 2021 15:06
Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ која ќе започне денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана, информираат од Владата.
Утре се одржува официјалниот дел од програмата во рамките на која ќе се потпишат неколку билатерални и мултилатерални договори. Меѓу нив, Договор за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Договор за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Договор за соработка во ветерината, безбедноста на храната, храната за исхрана на животни и фитосанитарната област на Западен Балкан. Договор меѓу Владата на Република Србија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на овластувањата за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (AEOS). Договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на овластувањата за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (AEOS);
На чинот на потпишување му претходи лидерска средба на која ќе говорат: албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, комесарот за проширување и соседство (онлајн) Оливер Вархеји, генералната секретарка на Советот за регионална соработка  Мајлинда Брегу, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Емир Џикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Матеј Закоњшек, директор на Транспортната заедница и Марко Чадеж, претседател на Трговско-индустриската комора на Србија.

Во рамките на самитот „Отворен Балкан“ ќе се одржи Форум за агро-култура и финансии а ќе има и заедничка прес-конференција.

Заев отворен балкан Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.