Вртоглава премија вети Флорентино Перез за фудбалерите на Реал Мадрид во случај да успеат да ја одбранат титулата во Лигата на шампиони (ЛШ) и да ја освојат во Примера.
Секој „крал“ ќе добие по милион ипол евра, а Зинедин Зидан два како начин на претседателот за дополнителна мотивација на ѕвездите од „Сантијаго Бернабеу“.
Галантноста на Перез доаѓа пред вечерашниот прв полуфинален меч меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Лига на шампиони.
Монако утревечер (20.45 ч.) на „Луј Втори“ го пречекува Јувентус во вториот полуфинален двомеч.